СИТЕЛ: Субвенционирано вградување плин во автомобилите - почиста животна средина и полн џеб

Големи заштеди и заштита на животната средина се главните придобивки од мерката за субвенционирање на вградувањето плин во автомобилите. Ќе почне да се применува од 2017 година кога државата ќе доделува ваучери од 300 евра за автомобилите кои од бензин ќе преминат на плин.

Цената на плинот не ја утврдува РКЕ, туку дистрибутерите и во прсек таа е за половина поевтина од цената на бенизните, што го прави вградувањето плински уредн исплатливо.

„Услови кога просечната цена на овој дел кој треба да се вгради е околу 500 евра. Значи државата ќе плаќа 300 а сопственикот на автомобилот 200 евра за овој дел кој ќе овозможи трансформација од бензин на плин.

Во просек еден автомобил чија стандардна потрошувачка на бензин изнесува 8 литри на 100 км, годишно поминува околу 8 илјади километри, инвестицијата од 200 евра (плус 300те евра што ќе ги добие корисникот за субвенција од државата) ќе си ја поврати за 7 месеци. Се потоа ќе биде заштеда плус за секој корисник, односно дупло помали трошоци за гориво, рече Никола Груевски вчера.

Статистиката покажува дека најголеми загадувачи на животната средина се возилата со ЕУРО 0 1 2 и 3 стандард. Јаглерод моноксидот и азотните оксиди учествуваат во формирањето на ПМ 10 честичките кои се најголеми загадувачи на воздухот.

Меркат ќе важи за возилата со еуро 0, 1 2 и 3 стандард односно  произведени до 2005 година.

 
 
27.09.2016 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега