Асфалтирани улици во две штипски села

Во штипското село Лесковица од денеска почна асфалтирање на улици во должина од околу еден километар.

Тоше Ѓеорѓиев раководител на Секторот за инспекциски надзор во Општина Штип, кој направи увид на градежните активности, истакна дека станува збор за инвестиција на општина Штип. Потсети дека минатата година во ова село беа асфалтирани улици во должина од 1.500 метри, а средствата биле обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

– Минатата недела беа асфалтирани улиците во село Пиперово во должина од 350 метри, а од денеска се асфлатираат и улици во селото Лесковица. За овие два проекта Општина Штип обезбеди три милиони денари од буџетот, вели Ѓеорѓиев.

Тој информира дека градежната механизација наредните денови ќе се сели во селото Шашаварлија, каде што ќе се асфалтираат улици во должина од 400 метри. Во тек е и тендерската постапка за изградба на локален пат меѓу селата Шашаварлија и Никоман.

 
 
27.09.2016 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега