Кремљ: Односите меѓу Русија и САД нема да се влошат поради Сноуден
Односите меѓу Москва и Вашингтон нема да се влошат поради случајот со Едвард Сноуден, изјави висок претставник во Кремљ.
– Претседателите на Русија и САД неколкупати изразија надеж дека тоа нема да влијае врз односите меѓу двете држави, изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател Владимир Путин.
Ушаков додаде дека Русија не добила информација за можно откажување на планираната посета на Барак Обама на Москва во септември.