Пеле: Нејмар ќе ги надмине и Меси и Роналдо

Бразилската фудбалска легенда Пеле истакна дека неговиот сонародник Нејмар ќе го надмине Лионел Меси и Кристијано Роналдо, лица кои денеска се сметаат за најдобрите фудбалски генијалци на денешницата. 

- Луѓето сакаат да прават споредби со Меси, но тој зад себе има долгогодишно искуство. Такви споредби се прават и со Роналдо, но во иднина Нејмар ќе биде најдобар, изјави Пеле.

Пеле смета дека Нејмар е млад и талентиран и има уште многу да покаже. Пеле смета дека Бразил има најмногу шанси да ја освои титулата наредната година на Мундијалот кој ќе се одржи токму во Бразил.

- На Купот на конфедерации се докажа дека Бразил заедно со Шпанија ќе бидат најголемите фаворити за шампионскиот трофеј. Селекторот Луис Сколари состави одличен тим во кој владее извонредна атмосфера, а тоа е еден од главните предуслови за конечен успех, смета Пеле.