Додека Грција тоне во криза Ванизелос отвара втора канцеларија од половина милион евра

Одлуката на лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос самиот да си додели втора владина канцеларија веројатно ќе предизвика незадоволство, особено откако Владата изгласа нови мерки на штедење и намалување на вработени во јавниот сектор, пишува „Елефтеротипија“.

Но лидерот на ПАСОК сега ќе добие и втора владина канцеларија и персонал од дваесет луѓе, за да може да ја извршува својата функција и како заменик-премиер. Одлуката е објавена и во Службениот весник на Грција, а потпишана е од самиот Венизелос и заменик-министерот за финансии Христос Стаикурас.

За Венизелос во новата канцеларија ќе работат 20 вработени, од кои 15 ќе бидат прераспределени од државната служба, а останатите петмина ќе ги назначи лично тој, по сопствен избор, како негови „ специјални советници“.

„Елефтеротипија“ коментира дека иако се уште не се знае каде ќе биде новата канцеларија на заменик-премиерот, можно е Венизелос да ги земе просториите кои ги користеше последниот заменик-премиер, неговиот сопартиец од ПАСОК Теодорос Пангалос, кои се неколку чекори зад Министерството за надворешни работи.