Не добил плата па цел град оставил без вода

Полицијата во Грачач, Хрватска, уапсила 58-годишен маж, кој во целиот град ја исклучил водата бидејќи не добил плата.

Мажот ги извадил сите електрични осигурувачи, и ја исклучил пумпата за вода која го снабдува малото гратче поради што цели четири часа жителите биле без вода.

ФОТО: Доктори.мк