Студени утра, денот потопол: Како ќе заврши викендот?

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 15 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност и со свежи, на места студени утра. Дневната температура ќе биде без значителни промени. 

 
 
25.09.2016 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега