Средба на потпретседателката на СДСМ Шекеринска со европратеникот Бутикофер

Ставовите и пристапот на Европската Унија кон Македонија, закажаните предвремени избори за 11 декември во државава и евроатлантските интеграции и аспирации, биле теми на средбата на потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска со Рејнард Бутикофер, член на Европскиот Парламент од Европската партија на зелените.

- И покрај сите случувања, поддршката за влез во ЕУ останува на високо ниво според сите анкети, а Шеќеринска потенцираше дека визијата на СДСМ е да ја види Македонија како дел од Европската Унија, се вели во соопштението од СДСМ.

Шекеринска, според соопштението, на средбата навела дека претстојните изборите ќе бидат пред се за конкретни решенија, а не за висока политика.

- Отсекогаш сме имале консензус за евроатлантските интеграции во државава како нешто корисно и неопходно. Но, во последните 10 години, гледаме дека Владата, иако начелно за влез во ЕУ, не направи ништо конкретно за да го постигне тоа, посочила, како што стои во соопштението, Шекеринска.

 
 
24.09.2016 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега