Солза Грчева за РСМ: Ставот на Заев за двојазичност беше како скопски земјотрес

 

Гром од ведро небо и шок, вака независната пратеничка Солза Грчева го коментира ставот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за воведување двојазичност на целата територија.

„Мене ми дојде како гром од ведро небо, како оној скопски земјотрес, изјавата на лидерот на СДСМ дека нема никаков проблем да се воведе двојазичност во цела Македонија. Да се редефинира Уставот? Да се отвори Рамковниот договор? Тоа е една опасна теза. Тој веќе не крие дека игра на албанското гласачко тело. Јас немам ништо против во секоја партија да има лица од сите етникуми. Но оваа трговија, со толкав број гласачи, тоа ќе донесе до големи промени во изгледот и структурата на нашето општество. Од тоа се плашам навистина. Дали ќе донесе толку гласачи? Сепак не верувам бидејќи тоа би било погубно за Р.Македонија поради концесиите на кои е подготвен СДСМ“, вели Грчева. 

Грчева била изненадена и од како што вели „салто мортале“ потегот на СДСМ да потпише идентичен избирачки список како оној од 2014та иако после тие избори партијата тврдеше дека има стотици илјади фантоми кои се одговорни за поразот во трката.

„Навистина не можам да разберам како тоа го направи сега СДСМ, да си ги погази сите оние зборови со кои ја бранеше постапката да не влезе во Собранието. Јас знам за изборни нерегуларности за кои имав сомнение, докази немав, но да после се направите вакво салто мортале не ми е јасно навистина. Со ова си ги признаа сите избори наназад но и однапред изборите во 2016. Сега веќе нема да може да кажат овие избори нема да ги прифатиме има изборен фалсификат. Значи потпишаа идентичен избирачки список. И ќе должат на своето членство одговор на 12 декември, зошто тоа го сториле“, вели Грчева 

 
 
23.09.2016 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега