Кога Катица Јанева ја нема на рочиште не се појавува ни Заев

 

Кога ја нема специјалната обвинителка Катица Јанева на рочиште, на истото не се појавува и опозицискиот лидер Зоран Заев. Лидерот на СДСМ бил на службено патување во Тирана, поради што е одложено денешното рочиште за случајот „Поткуп“.

Зоран Заев денеска не се појави на судењето за случајот во кој е обвинет за поткуп.  Според информацијата која што ја соопшти судијката Дијана Груевска, Заев на судот му доставил известување дека на денешниот ден ќе биде службено отсутен поради патување во Тирана. Рочиштето е одложено за 22 ноември.

Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163 924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, половина од парите биле наменети за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Обвинението е покренато во јуни годинава од Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителство го товари Заев дека злоупотребувајќи ја својата функција градоначалник на Струмица, на локален бизнисмен му барал 200.000 евра поткуп за да му легализира градежно изградено земјиште.

МВР на Заев му поднесе пријава дека делото го сторил во ноември 2013 та година, а истрагата започнала откако бизнисменот го пријавил случајот.

 
 
22.09.2016 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега