Македонската кошаркарска репрезентација засилена со Антиќ ќе се подготвува за Словенија

 

Македонската кошаркарска репрезентација од денеска засилена со Перо Антиќ ќе ги продолжи подготовките во Крањска Гора, Словенија. Капитенот на националниот тим попладнево им се приклучува на соиграчите, соопштуваат од Македонската кошаркарска федерација.

Македонската репрезентација веќе неколку дена тренира во Крањска Гора. Селеторот Пипан, во изјава за веб страната на МКФ вели дека подготовките се одвиваат во најдобар ред.

- Работиме на физички план. Од тренинг во тренинг ја поставуваме играта и тактиката. Атмосферата е одлична, сите играчи се залагаат максимално и задоволен сум од нивниот ангажман и од посветеноста на тренинзите, изјави Пипан.

Македонската репрезентација до недела останува на Крањска Гора, а потоа од понеделник се сели во Хрватска, каде што на 6 и на 7 август ќе одигра две контролни средби со домашната селекција. 

ФОТО: Вис.мк

најчитано сега