Реконструиран третиот дел од улицата „Аминта III“
Општина Центар информира дека заврши третиот дел од реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Орце Николов“.
Изваден е оштетениот тампонски материјал и вграден е нов тампонски слој, поставен е нов асфалт на цела должина на коловозот на овој дел од улицата, на површина 4.500 метри квадратни. Поставена е и нова атмосферска канализација во должина од 160 метри.
Општина Центар следната година ќе реконструира уште еден дел на „Ленинова“, на потегот од булеварот „Партизански Одреди“ до Клубот на пратеници
20.09.2016 - 12:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа