Седум начини да престанете често да се расправате со партнерот за истите работи

Ако сте во врска, сигурно сте забележале дека на површината секогаш излегуваат истите проблеми.

Честите проблеми се јавуваат кога партнерот не ги разбира вашите чувства. Во денешно време лесно е да се заборави на соништата бидејќи е фрустрирачки ако нашиот партнер воопшто не ни знае за што сонуваме.

 

♥ Бидете заинтересирани

Паровите кои покажуваат голем интерес еден за друг веројатно имаат и среќен однос кој ги исполнува со задоволство. Прашате го партнерот како го поминал денот , како се чувствува и кои му се дилемите, а тогаш со заинтересир5анот слушајте го што ќе ви одговори.

♥ Одржувајте ги своите и соништата на партнерот

Дозволете си на себе да размислувате за соништата кои веќе сте ги запоставиле поради проблемите во секојдневниот живот. За да можете да се разбирате меѓусебно и да ги почитувате желбите кои ги имате и двајцата потребно е да разговарате за тоа. Важно е да направите круг на доверба за да можете да ги споделите своите соништа. Вашите соништа не мораат да бидат исти но морате еден со друг да се поддржите.

♥ Избегнувајте да го брате виновникот

Гледајте по длабоко и не ги носете вендаш одлуките. Во позадината на расправијата вие и вашиот партнер морате да пронајдете разбирање. Поставите си прашања но не се обидувајте веднаш да ги решите со конфликт. Важно е да оставите позитивен тон во несогласувањата.

♥ Тестирајте се еден со друг

Честите животни проблеми се стресни па кога вашиот партнер ви се доверува, користете нежен тон и дајте по некој комплимент за поддршка. Не брзајте, ако чувствувате дека не сте способни за продуктивна комуникација, направите пауза и пробајте подоцна.

♥ Прифатете дека некои проблеми не можат да се решат

Др. Готтман тврди дека целта е да се прецизира проблемот за така да се намали штетата или да престане изворот на големата болка. Лесно е да се фокусирате на решавање на проблемите, но исто така треба да работите на тоа да се разберете еден со друг. Научите како да имате помалку болна конверзација за честите  проблеми.

♥ Бидете флексибилни

Пристапите во конверзација позитивно. Обидете се работите во кои не се согласувате да ги намалите. Прилагодете се што е можно повеќе. Не се расправајте и не бидете тврдоглави дека вашиот проблем е најточен. Сослушајте го партнерот и ставете се на негово место.

♥ Работете на компромисот

Двајцата морате да чувствувате  дека вашите соништа се наградени. Лесно работете на чекорите кои ќе ви помогнат за двајцата да ја постигнете својата цел. Компромис е клучот на врската. Ако не работите на него ќе креирате многу лошо сценарио и тука нема среќен крај. Сите парови имаат несогласувања. Готман вели дека 69% од расправиите во врската не може да се решат. Тоа значи дека паровите мораат да научат како да водат дијалог наместо да се расправаат за истите проблеми. И морате да разберете како несогласувањата да ги направите што помалку болни ако ви значи добрата комуникација и одржување на една функционална  врска

 

 
 
19.09.2016 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега