„Со сервис до победа“ - ѕирнете во фрижидерот на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ за некоја недела ќе ја објави својата книга „Со сервис до победа“ во која укажува на тоа како со правилен начин на исхрана може да се постигнат добри резултати и голем успех.

Светските медиуми веќе дојдоа до примероци од изданието, па деновиве пренесуваат интересни делови од книгата на Новак. 

Во книгата Ѓоковиќ вели дека не јаде млечни производи и не конзумира алкохол во текот на турнирите. Исто така, во текот на целиот ден пие многу топла вода и протеински „шејкови“, јаде авокадо, путер од индиски ореви и многу малку шеќер, а спие барем седум до осум часа во текот на ноќта, медитира, вежба јога, го мери нивото на својот стрес и води дневник.

Книгата на славниот тенисер ќе се објави пред почетокот на УС Опен, а освен што во неа се зборува за правилна исхрана и начин на живот, таа е и биографска книга на тенисерот.

најчитано сега