Освои 14 милиони на Лотарија - не се откажува од работата како водоинсталатер

Џон Доерти освоил неверојатни 14 милиони фунти на Лотарија, но по само два дена се вратил на работата за плата, како ништо да не било. Овој маж од Велика Британија, кој работи како водоинсталатер, вели дека има многу муштерии на кои им треба помош, па не планира да ги остави на цедило поради добивката.

- Ја сакам својата работа, а и навистина долго ја работам. Не сакам да си ги изневерам муштериите, вели тој за Британски Мирор.

Тој со сопругата во четвртокот освои преку 14 милиони фунти, а прославил со нарачување пица. Имаат две деца со кои сакаат да отидат на одмор по наградата.

 
 
19.09.2016 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега