ТЕЛЕГРАФ: Ги крева неподвижните на нозе - лековита вода тече во Велес

Во стариот дел на Велес, близу месноста Долни Дуќани, се наоѓа извор на вода. За неа постои верување или легенда дека е лековита.  Велешанецот Ѓорѓи Стефанов за Телеграф.мк раскажува за лековитата моќ на изворот. 

Дојде жена на свои 40-45 години и започна да го уредува местото. Изворот беше обраснат во треви, имаше пијавици. Тие се лепеа за неа, за рацете, нозете, но таа неуморно работеше повеќе дена. Од мене побара штици, ѝ ги дадов за да го уреди кладенецот. Ми раскажа дека се вика Трајанка и дека е од Прилеп. Си имала мака што ја довела тука. И тоа на сон ѝ се јавил глас - раскажува Стефанов за порталот

Трајанка, според кажувањето на Ѓорѓи, имала син, кој бил легнат в кревет, неподвижен. Таа и нејзиниот сопруг го носеле детето кај разни лекари, но чаре не се нашло. Биле и надвор од земјава, но синот останал да лежи неподвижен.

 

- Една ноќ на сон ѝ се јавил глас кој и порачал да оди во Велес. Ѝ рекол дека на место помеѓу три цркви и пат кој води веднаш по првата, лево има кладенец. Таа сонот му го раскажала на сопругот, кој не сакал да ја слуша. Тој им верувал на лекарите, не сакал да верува во вакви работи. Жената под влијание на мажот го занемарила сонот. Но, по некое време, сонот пак се повторил. Тоа било знак за Трајанка да го фати првиот автобус за Велес. Благодарение на јасните назнаки од сонот веднаш го пронашла изворот, иако никогаш не била во Велес - објаснува Ѓорѓи.

Повеќе прочитајте на Телеграф.мк 

ФОТО: ТЕЛЕГРАФ

 

 

 

 
 
18.09.2016 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега