Проверете дали утре ќе останете без вода
Дел од корисниците лоцирани во близина на полициската станица Беко во центарот на Скопје утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување на дефект на водоводна мрежа со пречник од 150 милиметри на улицата „Даме Груев“ бр. 7.
Прекинот во водоснабдувањето на корисниците од улиците „Даме Груев“, „Димитрие Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ ќе трае до завршување на интервенцијата од страна на екипите на ЈП Водовод и Канализација - Скопје.
17.09.2016 - 15:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа