Виолетовата пеперутка закачена над бебешките креветчиња носи тажна приказна

Секој кој над креветчето на ова новороденче во породилиштето во Кингстон забележал виолетова пеперутка помислил дека тоа е симпатична идеја. Сепак, зад овој гест стои нешто сосема друго.

Виолетовата пеперутка означува дека новороденчето на свет дошло со братче или сестричка, кое за жал починало.

Идејата за виолетовата налепница ја добила Мили Смит, која накратко била мајка на близнаци. По само три часа семејството се збогувало со едно од бебињата.

Мили и Левис се збогувале со нивниот мал ангел… Мајката потоа неколку дена минала со другото бебе во болницата и дошла до идеја како тоа да им се соопшти на другите родители. Таа предложила мала виолетова пеперутка до едно од бебињата, со што медицинскиот персонал ќе си го олесни соопштувањето на тажната вест.

butterfly-520x693

Породилиштето во Кингстон веднаш го прифатило предлогот, а Мили веднаш започнала кампања за собирање средства за печатење на етикетите, бидејќи знаела дека не е единствена со таква тажна судбина.

 
 
16.09.2016 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега