Салвета стана мајка на 52. години - таткото на нејзината ќерка не сака да слушне за нив две

Актерката Лилјана Јакѓиќ која се прослави со улогата Салвета во едно шоу, стана самохрана мајка на 52. годишна возраст. Лилјана својата ќерка ја крстила Дарија и потполно сама се грижи за неа. Таткото на девојчето воопшто не се интересира за нив две. 

- Ма, таа е чудо, морам така да кажам иако знам дека тоа звучи без врска, сите мајки тоа го мислат за своите деца, но таа е толку добра и мирна Еве сега бевме на нејзината крштевка, рече Лилјана. 

Таа раскажува како е да се биде самохрана мајка. 

- Право да ви кажам на почетокот се плашев, што ќе правам, како ќе биде, но брзо се опуштив, биејќи ми беше голема радост да бидам со неа и не сакав да се грижам со дополнителни работи. Се е толку брзо, што постојано нешто се менува, Таман ќе се навикнам на една нејизна промена, ќе дојде нова и така постојано. Еве, вчера ги направи првите чекори и верувам дека за брзо време ќе прооди, Ма, знам мајките чуствуваат, но таа радост кога сум со неа, не може да се опише, и сите проблеми околу мене лесно ги поднесувам, рекла актерката. 

 
 
16.09.2016 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега