Тој има 85, таа 25 години: Една година после венчавката нивната љубов сеуште цвета

Помина една година од кога рускиот актер 85 годишниот Иван Краско и 25 годишната Наталија Краско застанаа на лудиот камен.

Со тајна церемонија во Санкт Петерсбург на 9 септември 2015 година станаа еден од најпопуларните брачни парови на светот и се поради фактот што Иван е постар дури 60 години од својата сопруга и некогашна ученичка.

Во брак се една година и како што велат не можат еден без друг, пренесува Сан.

„Примам енергија од својата сопруга. Таа често на шега ме нарекува енергетски вампир“, вели Иван.

Наталија планира да го запознае сопругот со својата мајка Светлана, која живее во Севастопол.

Планирам до крајот на годината да ја запознаам со мојот сопруг. Најверојатно ќе одлетаме во Севастопол“, вели младата.

Тие двајца истакнуваат дека проблемите доста брзо ги решаваат, и дека покрај критиките за нивниот брак сметаат дека се створени еден за друг.

 

 
 
16.09.2016 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега