Костадиновски: Не очекувам да се укинат ЕУ средствата за македонското земјоделство

Не очекувам да се укинат ЕУ средствата за Македонија, посебно во земјоделството, зашто за сите мерки, насоки и одредници што ни беа дадени изготвивме соодветна програма во соработка со релевантни европски претставници, рече заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски по денешната работилница за европските субвенции и земјоделските статистики.

Одговорајќи на новинарско прашање во однос на претстојната ЕУ ревизија, Костадиновски истакна дека Програмата е доставена до Европската комисија и се чека одговор.

- Во очекување сме на одговор од ЕУ. Засега немаме сигнал дека Програмата ќе биде одбиена или нема да се одобрат средства за поддршка на македонското земјоделство, напомена заменик-министерот.

 
 
16.09.2016 - 11:43
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега