Познатиот актер станува татко на 62 години

Кејт Волш (35), четвртата сопруга на актерот Келси Грамер (61), е во шести месец од бременоста. Стјуардесата ќе роди момче, а со јунакот на ТВ серијата „Fraiser“ ги има и ќерката Феит (4) и синот Келси Јуниор.

Волш во 2010 година имала спонтан абортус, а додека била бремена со ќерката, близнакот починал при породувањето. Таа и актерот врската ја започнаа кога Келси се уште бил во брак со третата сопруга Камила Донатачи (48).

Грамер од претходните врски има четири деца.

Актерот неодамна се откажа од лекувањето од алкохолизам и изјави дека да се пие алкохол не е порок. Тој заклучи дека сепак ќе продолжи да пие секој ден, но подалеку од тоа нема да оди. Тој смета дека конзумирањето кокаин е „многу глупаво“.

 
 
16.09.2016 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега