ЖЕНИ ВНИМАВАЈТЕ: Поради ова може да добиете рак, а го правите секое туширање

Ако за време на туширањето редовно ја миете и вагината со млаз вода, тогаш значително ги зголемувате шансите за добивање хуман папилома вирус (ХПВ), што може да доведе до појава на рак. Купки и шампони во близина на вагината-НЕ!

Повеќето жени мислат дека со ова ќе се ослободат од непријатниот мирис, но вистината е дека само се доведуваат во опасна ситуација. Точно е дека кај жените, вагината, после цревата, содржи најголем број бактерии, но тие се таму со добра причина.

Повеќето медицински експерти строго го забрануваат ова, бидејќи вагината се чисти сама, а нејзиното миење може само да ја наруши рамнотежата на бактериите, предизвикувајќи абнормален раст на ткивата и други промени во клетките на грлото на матката.

Едно истражување спроведено на Универзитетот во Тексас, во кое учествувале над 1.271 жена на старост од 20 и 49 години, покажало дека миењето на вагината го дуплира ризикот за добивање рак на јајници.

-Вагината содржи повеќе бактерии од кое било друго место на телото и бактериите се овде со своја причина. Не можам да замислам ситуација во која нејзиното миење би било корисно, затоа што на тој начин жените отстрануваат сѐ што е во вагината, вклучувајќи и здравите бактерии, заклучува професорот Рони Ламонт.

 
 
15.09.2016 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега