Сител: Томислав Николиќ утре во Македонија - ќе се поклони на жртвите од Првата светска војна

Српскиот претседател Томислав Николиќ утре доаѓа во Македонија, јави државната телевизија РТС. Придружуван од Владика на СПЦ, Николиќ ќе присуствува на 100 годишнината од битката на Кајмакчалан каде во првата светска војна загинале над 4600 српски војници. Делегацијата на Србија ќе положи цвеќе на спомен костурницата на врвот Свети Илија. На планината Ниџе на македонско-грчката граница  ќе пристигнат  со хеликоптер, а потоа ќе оддадат почит и на војните гробишта во Битола.

По завршувањето на настанот во 14 часот, Николиќ во битолски хотел ќе се сретне со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, потврдија од кабинетот. Се очекува да се разговара за унапредување на билатералната соработка и зајакнување на добро соседските односи меѓу соседните земји. По средбата двајцата претседатели треба да дадат изјава за медиумите.

Инаку за време на Првата светска војна, пред точно 100 години на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Македонскиот фронт, биле мобилизирани и голем број Македонци од претежно од Мариово, но и од други краеви на земјата.

 
 
15.09.2016 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега