ТРАГЕДИЈА: Силувана малолетничка ја продавале и тепале три месеци - полицијата на нозе

Жртва на двајца силувачи од Богатиќ, уапсени во рамките на акцијата на српската полиција „Циклон“ е 16-годишно девојче од Смедеревска Паланка.

Осомничени за нејзиното силување и подведување се нејзиниот невенчан сопруг Давид Гајиќ (21) и неговиот вујко Влада Николиќ (36).

Монструозно злоставување на девојчето трпело повеќе од три месеци, заклучена во куќата често и без храна. Била подведувана на муштерии кои секојдневно доаѓале во куќата на стравот во Богатиќ.

-Девојчето Давид го запознала преку Фејсбук, и по негово наговарање побегнала од дома во јуни. Нејзината мајка набрзо дознала каде и е ќерката и дошла во Богатиќ со намера да ја врати дома. Но девојчето одбило. Рекло дека го сака Давид и дека се омажила за него, дека и е убаво и не сака да се врати дома. По тоа, мајката се вратила во Смедеревска Паланка, а во куќата во Богатиќ започнал хоророт, вели извор од истрагата.

Давид најпрво почнал да го тепа девојчето, но и да го подведува на муштерии кои ги наоѓал во локалните кафеани.

-Буквално излегувал по кафеаните, ги нудел нејзините сексуални услуги, а таа трпела ќотек ако се побуни, вели извор.

Три месеци заклучена без храна

Злоставувањето од ден на ден станувало се полошо, а потоа на неа се нафрлил и вујкото на Давид, Влада Николиќ (36) кој една ноќ го одвел девојчето на локалните гробишта во Богатиќ и таму со ќотек ја силувал.

Девојчето потоа го вратил кај својот внук. Тука ја држеле заклучена во една соба, без храна, но затоа муштерии доаѓале секој ден.

-Преживуала секојденевно силувања. Траумата која ја преживеала во таа куќа е страшна, вели изворот.

Тој наведува дека злоставувањето што девојчето го трпело 3 месеци е откриено случајно зошто Давид на крајот го натерал девојчето да краде за него.

-Шабачката полиција го уапсила девојчето за кражба. Кога е доведена во полициската станица била потполно физички и психички скршена, и во исклучително тешка состојба. Веднаш е вклучен Центарот за социјална работа, обвинителството и Гајиќ и неговиот вујко се уапсени.

Гајиќ поради подведувањето се сомничи за трговија со луѓе, а неговиот вујко за силување.

 

 
 
14.09.2016 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега