Над 100 лица побарале лекарска помош во скопските болници

 

Над 100 лица побарале лекарска помош во скопските болници и амбуланти по серијата земјотреси што вчера ги погодија Скопје и околината. 

-Изминатото деноноќие помина со зголемен обем на работа, особено по 15.20 часот кога се зголеми бројот на пациенти и беа мобилизирани поголем број медицински лица. До 17 часот беа хоспитализирани 52-ца пациенти, кои беа прегледани и пуштени на домашно лекување. Бројот во текот на ноќта се зголеми до 21 часот и истиот достигна 70 лица. Немаше пациенти со животна загрозеност, воглавно се работеше за лица со полесни повреди што беа веднаш хоспитализирани. Клиниката успеа да се справи со бројот на пациенти, истакна доктор Никола Груев. 

Исто така докрот Груев додаде дека вчера имало граѓани кои дошле со мали телесни повреди, но и граѓани кои биле прегледани само поради нивната голема вознемиреност по земјотресот кој вчера го стресе Скопје со јачина од 5,3 степени според Рихтерова скала.

 

 
 
12.09.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега