Вонредна состојба: Гори островот Тасос во Грција (ВИДЕО)

Околу 300 пожарникари, доброволци и војници се борат со големиот шумски пожар на грчкиот островот Тасос, кој уништи куќи и доведе до евакуација на едно село, пренесува БТА. На островот е прогласена вонредна состојба.

Според противпожарната служба, пожарот во шумата е предизвикан од молњи од силната бура, која го зафати островот доцна во петокот.

Тимовите на терен се поддржани денеска од 15 авиони и хеликоптери, кои го гаснат пожарот од воздух. Еден пожарникар е повреден во борбата со огнот.

 

Според податоци на противпожарната служба најмалку осум куќи се оштетени во централното планинско село Казавити, а два манастира се евакуирани.

 
 
11.09.2016 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега