Крвава тепачка во црквата Св.Ѓорѓија - едно лице итно на Ургентен

Вчера околу 15:00 часот во село Велебрдо, гостиварско, во трпезаријата на црквата Св.Ѓорѓија, дошло до расправија помеѓу Г.П. (79) од село Велебрдо и А.М. (61) од Скопје.

Расправијата прераснала во тепачка при што А.М. физички го нападнал Г.П., а во еден момент замавнал кон него со коса, нанесувајќи му повреда во вид на расекотина во пределот на челото.

По настанот Г.П. бил пренесен во Здравствен дом Ростуше, каде му била укажана лекарска помош.

Околу 15:30 часот за настанот слушнале Г.Т. (30) и Г.Д. (26) од село Ростуше, внуци на Г.П. отишле во куќата на А.М., каде физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и дрвен стап.

По настанот, А.М. е пренесен во Здравствен дом Ростуше, од каде бил упатен во Ургентен центар Скопје, каде е задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициксата станица во Гостивар.

Лицата Г.Д.  и Г.Т се повикани на разговор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 
 
11.09.2016 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега