Сеизмолошка oбсерваторија: Нема простор за паника, вакви земјотреси се случуваат на 10 до 15 години

По утринските потреси кои ги вознемирија македонските граѓани од сеизмолошката обсерваторија потврдија дека нема простор за паника.

-Земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, случен на длабочина од околу пет километри со Рихтерова локална магнитуда од 3, 9 степени, почуствуван е во Скопје и околината со интензитет од 6 до 7 степени според Европската макросеизмична скала, изјави доктор Вера Чејковска од сеизмолошката обсерваторија.

Од таму додаваат дека според информациите со кои се располага, ваквите земјотреси со јачина од околу 4 степени според Рихтер се случуваат на 10 до 15 години.

-Во текот на минатиот век се имаат случено околу 10 -15. Истите, како што беше и случајот утринава, можат да бидат придружени со помали потреси. По неколку минути утрово се случи помал потрес од 2, 8 степени според Рихтер, велат од oбсерваторијата.

 
 
 
11.09.2016 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега