Почина жената од најславната фотографија на 20 век

Грета Фридман, жената во бело која бакнува морнар на њујоршкиот „Тајмсквер“ во фотографијата го симболизираше крајот на втората светска војна.

Таа починала во четвртокот наутро на 92 годишна возраст, а ќе биде погребана до својот починат сопруг на гробиштата во Арлингтон, Вирџинија, изјави нејзиниот син.

-„Воопшто не го ни видов дека приоѓа, и пред да се освестам, се случи“, вака во нејзиното интервју во 2012 за СБС, раскажуваше Фридман како се случил бакнежот.

Тие не се познавале, тој едноставно и пришол и ја бакнал. Потоа, таа и морнарот Џорџ Мендоза си заминале на различни страни. По една недела на насловната страница на „Лајф“ магазинот осамнала фотографијата од нивниот бакнеж.

 

 

 
 
11.09.2016 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега