Колумбските револуционерни вооружени сили ослободија 13 деца војници

Најголемата бунтовничка група во Колумбија, револуционерни вооружени сили ФАРК демобилизираа 13 деца војници од своите редови, во рамки на договорот за ставање крај на повеќедецениските крвави борби.

Меѓународниот Црвен крст соопшти дека децата се со добро здравје и дека привремено се префрлени во прифатен центар под надзор на УНИЦЕФ.

ФАРК во мај прифати да ги ослободат децата под 15 години од своите герилски кампови. Овој хуманитарен гест доаѓа по договорот постигнат минатиот месец.

 
 
11.09.2016 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега