Тешка сообраќајна несреќа - едно лице го загуби животот

Во сообраќајна несреќа која се случила на грчкиот остров Тасос рано утрово, тешко бил повреден еден државјанин на Србија, а загинало едно лице чиј идентитет се уште не е познат.

– Утрово, во раните утрински часови се случила тешка сообраќајна несреќа во која со сериозни поврди се здобил српскиот државјанин М.С. кој е хоспитализиран, изјвил генералниот конзул на Србија во Солун, Синиша Павиќ.

Како што информирал тој, во несреќата загинало женско лице чиј индентитет не е познат.

Тој додал дека е во постојан контакт со полициските органи, болницата и семејството она повреденото лице чија состојба се следи, а постапката за идентификација на загинатото лице е во тек.

 
 
11.09.2016 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега