Надал: Со Ѓоковиќ сме пријатели, имаме супер односи

Шпанецот Рафаел Надал се пофали дека има одлични односи со Новак Ѓоковиќ, и ги отфрли шпекулациите дека тие двајца имале кавга.

Дел од медиумите кај нашиот северен сосед деновиве ги пренесоа зборовите на таткото на срспскиот тенисер. Според него, Надал и Ѓоковиќ се познаваат од детството и се големи другари. 

- „Не можам да зборувам многу за нешто кое што лично не сум го слушнал или прочитал, меѓутоа само ќе го кажам ова... Со Новак никогаш во животот не сум имал проблем, нашиот однос отсекогаш бил многу добар и се уште е таков. Често играме, губиме мечеви еден од друг, меѓутоа тоа не влијае на нашиот однос“, вели Надал.

- „Доколку меѓу мене и Новак се појави некој проблем, секако за тоа ќе разговараме јас и тој“, додава Надал.