Земјотрес во Скопје: Граѓаните во паника излегоа на улица

Рано утрово во 6 часот и 58 минути во главниот Скопје и североисточниот дел од Македонија, во селата Арачиново, Матејче и Липково е почувствуван силен земјотрес.

 

Според информациите на Сеизмолошката обсерваторија на Природно математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот е 5 километри североисточно од Скопје со епицентри на 2 километри под земјината површина и интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за евентуални штети во близина на епицентарот.

Земјотресот е почувствуван и во јужните делови на Косово, каде што како во главниот град, предизвикал вознемиреност кај населението. Голем број граѓани, особено оние кои живеат во повисоки згради утрото го минаа на улица. 

 
 
11.09.2016 - 07:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега