МОН: Направени се сериозни инвестиции во високото образование

Универзитетот во Штип ја има поддршката од институциите на системот, како во делот на унапредувањето на студиските програми и наставата, така и по однос на модернизацијата и надградбата на инфраструктурните услови и капацитети, се вели во реакцијата на Министерството за образование и наука на изјавата на Петар Атанасов од СДСМ.

- Актуелната влада е единствената која направи сериозни инвестиции во насока на подигнување на квалитетот на овие два сегменти, преку отворањето на нови високо образовни установи и обезбедување на нивна поголема достапност за заинтересираните граѓани, преку изградба на нови студентски сместувачки капацитети и реконструкција и опремување на постојните, се вели во реакцијата.

Од МОН уверуваат дека нема да бидат спречени да продолжат со имплементација на развојната стратешка политика за подигнување на атрактивноста и конкурентноста на високото образование и квалитетот на студентскиот стандард. 

 
 
10.09.2016 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега