Познат новинар заврши зад решетки

Турските власти денеска уапсија познат новинар и неговиот брат, во рамки на истрагата за неуспешниот обид за државен удар во јули годинава.

Писателот и поранешен главен уредник на весникот „Тараф“ Ахмет Алтан и неговиот брат Мехмет се приведени на сослушување поради коментари, кои ги направиле во телевизиска емисија ден пред обидот за државен удар на 15 јули, соопшти Платформата за независни новинари со седиште во Истанбул.

Весникот „Тараф“ е меѓу десетината затворени медиуми по обидот за преврат, што според турските власти е извршен од следбеници на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.

Турција уапси над 100 новинари по настаните на 15 јули. 

 
 
10.09.2016 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега