Момче избодено се бори за живот

Полицијата уапси мигрант кој е осомничен за обид за убиство.

Имено како што е наведено 35-годишниот мигрант ноќеска по кратка расправија со нож нанел тешка телесна повреда која е опасна по живот на момче од 27 години.

Повреденото момче е хоспитализирано во Медицинскиот центар во Сремска Митровица.

На мигрантот му е одредено задржување во притвор  до 48 часа, и ќе добие кривична пријава за обид за убиство.

Увидот го извршиле припадници на полицијата, по овластување на Обвинител. Полицијата превзема интензивни мерки за утврдување на сите околности на тоа кривично дело.

 

 

 
 
10.09.2016 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега