Страшна сообраќајна несреќа во близина на Куманово

Вчера околу 17:05 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка на, „Црн бик“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило„Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С. (49) од Р.Косово и мотоцикл марка „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, управуван од Х.С.М. (73) од Швајцарија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил швајцарскиот државјанин на кој му била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово од каде е препратен во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи во Куманово.

По наредба на Јавен обвинител на возачот на товарното возило му е одземена личната карта и патна исправа издадени од Р.Косово.

 

 

 
 
10.09.2016 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега