Татко и син претепале директор на гимназија во Неготино

Вчера во 13:50 часот, Б.Р. (45) од село Неготино пријавил дека во село Неготино во дворот на гимназијата, Б.Д. (42) и неговиот 17-годишенсин, ученик во школото, физички го нападнале директорот на гимназијата К.Р. (43) од село Топлица, при што го удирале со тупаници во пределот на главата.

Истиот бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што му била укажана лекарска помош и констатирана скршеница на носот.

Увид на место то на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица во Гостивар. По преземени мерки лицата се приведени, со истите е извршен разговор.

По целосно документирање на случајот против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 
 
10.09.2016 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега