Хаос во скопски локал на булевар Партизанска - повредено 16 годишно девојче

Вчера во 22:40 часот во Скопје  на булeвар „ Партизански Одреди“ во угостителски објект дошло до нарушување на Јавниот ред и мир во кое учествувале осум непознати лица од кои пет од едната и три лица од другата страна.

По претходна расправија помеѓу нив настанала тепачка во која биле употребени различни предмети и делови од инвентарот во угостителскиот објект. 

Во тепачката со телесни повреди се здобиле едно шеснаесетгодишно девојче и М.Т. (21) од Прилеп.

По нарушувањето сите инволвирани избегале од местото настанот.

По извршени консултации со Јавен обвинител,  настанот е квалификуван како кривично дело „насилство“.

 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот

 
 
10.09.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега