Џип изгоре целосно пред нивните очи - семејството во паника

Натан Доначер од Санкт Петербург во САД пред неколку дена во еден автомобил марка Jeep Grand Cherokee експлодирал мобилен телефон Note 7, по што се запалил и во целост го уништил автомобилот.

 

Штетата е голема, а иако осигурителната компанија ќе ја покрие дел од штетата, Доначер вели дека многу пари вложил во модификација и подобрување на овој автомобил. Натан и неговата сопруга тоа утро купиле маса за во детската соба, а додека ја изнесувале од автомобилот во куќата, телефонот останал на полнење во автомобилот.

 

Нивната 8-годишна ќерка се упатила кон автомобилот по телефонот и тогаш сфатиле дека џипот гори и дека веќе го загубиле, но сепак ова семејство може да биде среќно што немаше човечки жртви во овој хаос.

 

 

 
 
10.09.2016 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега