Вистината за укинувањето на роамингот - еве дали некогаш навистина ќе можеме да разговараме бесплатно

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска им наложи на официјалните лица да направат нов план за укинување на роаминг услугата на територија на Европската унија, па се соочи со остри критики поради предлогот за ограничување за користење на таа услуга на 90 дена во годината.

Европската комисија по налог на Јункер го повлече налогот и сега изработува нова верзија за користење на роамингот - се наведува на официјалната интернет страница на Стратегијата за единствен дигитален пазар на Европска комисија, пренесува агенцијата Франс прес. Бесплатниот роаминг за државите на Европската унија беше најавен во 2015 година, но овонеделното откривање на планот ги разлути потрошувачите поради ограничување за користење на услугата на 90 дена во годината.

 
 
10.09.2016 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега