Макрадули најмногу жалел по Црвенковски

 

Јани Мкрадули најмногу се спротивставувал на одлуката на Црвенковски да си замине од лидерската позиција. Тој заедно со Менде Диневски барал Црвенковски да остане на чело на опозицијата, пренесува Утрински повикувајќи се на информации од партијата.
„Црвенковски доби голема поддршка од членовите на Централниот одбор, но сето тоа од негова гледна точка очигледно доаѓа доцна. На седницата можеа да се слушнат и извици: „Нема да си одиш“. Најотворено го поддржаа Јани Макрадули и Менде Димевски. Атмосферата беше таква што Црвенковски практично се доведе во ситуација да им сугерира на своите сопартијци дека треба сериозно да го сфатат Конгресот и дека статутот е Уставот на партијата и дека тој мора да се почитува. Тој уште еднаш потврди дека ќе ја преземе целата одговорност за да го ослободи идниот лидер од било каков товар“, велат изворите на Утрински во СДСМ

најчитано сега