Внимавајте како резервирате: Група македонски туристи останаа без 1.500 евра и без сместување на Лефкада
Дванаесетмина скопјани ќе останат без летен одмор, откако наместо да го добијат она за кое платиле, тие останале без сместување, без уплатениот депозит и без својот одмор.
Групата скопјани одлучиле да летуваат на грчкиот остров Лефкада, па преку британската интернет страница "Owners Direct" резервирале сместување во вилите „Agrilides Villas". Бидејќи биле група од 12 скопјани, тие одлучиле да изнајмат две вили чија вкупна цена за изнајмување изнесувала 3.000 евра. Така, секој од скопјаните требало да одвои по 250 евра за свето сместување, пишува Точка.
Македонските туристи уплатиле депозит од 1.500 евра, а остатокот од парите требало да го исплатат по нивното пристуигнување на Лефкада. Но, денеска, еден ден пред да тргнат на одмор, скопјаните дознале дека нивниот летен одмор е всушност измама, Парите кои ги дале завршиле на сметката на неименуван Шпанец, кој го хакира маилот на вистинскиот сопственик на вилите и оставил свои податици за уплата. Така, 50% од сумата за сместувањето на Македонците завршила кај Шпанецот.
И сопственикот на вилите бил изненаден од повикот на македонските туристи, затоа што воопшто не знаел за нивната резервација.
Револтираните скопјани стапиле во контакт со британската интернет страница, од каде ги информирале дека можат да им вратат само дел од уплатените средства, односно 800 од уплатените 1.500 евра.
Сеуште не е познато дали и сопственикот на вилите е вмешан во измамата.