Гореше автомобил во Прилеп

Image result for гореше автомобил

Вчера  околу 00.20 часот во Прилеп на ул.„11ти Октомври“ непознат сторител со запаливо средство го запалил предниот дел на паркиран автомбил марка  „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 37-годишниот Ж.Ц.  од Прилеп. Притоа опожарени биле двете предни тркала, двете предни крила, двата ретровизори, предниот браник. предната хауба, украсните и заштитни пластики на предниот дел од возилото, двата предни фара, а оштетени се и двете предни врати и целосно е опожарен моторот од автомобилот. 

Пожарот  е изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОКТУПА Прилеп и ООК-Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
07.09.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега