Гореше авион на скопскиот аеродром - што се случуваше вчера на „Александар Велики“?

Image result for александар велики

Вчера  во периодот од 09.55 до 10.10 часот од страна на полициски службеници од полициската станица  за граничен премин -Аеродром „Александар Велики“-Скопје, во содејство со другите служби на Аеродромот, спроведена е вежба  за опожарен систем за гориво во воздухоплов на аеродром. Поточно, по претходно изготвено сценарио,  при слетување се пали системот за гориво на воздухопловот и од страна на  противпожарна бригада при ТАВ-Македонија и контрола на летање, истиот се паркира на безбедна позиција за да не ги загрози останатите паркирани воздухоплови и аеродромската зграда. Вежбата е изведена во врска со координација на службите на аеродромот како полицијата, контролата на летање, безбедност при ТАВ-Аеродром „Александар Велики“, Противпожарна бригада на аеродромот, службата за Итна медицинска помош и службите на АРМ кои се во близина на аеродромот.

Со оваа вежба вработените докажаа дека се подготевни да се справат со секаква непредвидлива ситуација на аеродромот. 

 
 
07.09.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега