Нова жртва на патот Демир Хисар - Кичево

Image result for сообраќајка

Страшна сообраќајна несреќа се случи вчера околу 20.50 часот на регионалниот пат Демир Хисар-Кичево, на крстосницата кај с.Големо Илино. Во несреќата учествувала 57-годишниот К.А. од Кичево кој управувајќи товарно моторно возило марка  „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, удрил  во 58-годишниот Ц. М од Кичево, кој стоел до паркирано товарно моторно возило марка  „Фиат Дукато“ со охридски регистарски ознаки.

Имено, К.А. се враќал наназад со товарното моторно возило марка  „Мерцедес“ со намера да му помогне на Ц.М. при влечење на неговото комбе, при што во еден момент го притиснал помеѓу двете возила. Од здобиените повреди Ц.М. починал на местото на настанот. Смрт е констатирана од страна на лекар. Увид на местото на настанот  извршила увидна екипа од СВР Битола, при што возилата се обезбедени за вештачење. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 
 
07.09.2016 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега