Возачот на автобусот кој предизвика сообраќајка во Турција задржан во притвор, патниците се враќаат дома

MAKEDON TURİSTLERİ TAŞIYAN OTOBÜS KAMYONA ÇARPTI: 1 ÖLÜ 38 YARALI

Продолжува истрагата за сообраќајната несреќа во Турција кога туристички автобус од Македонија во сопственост на скопската фирма „Бога транспорт“ со скопски регистарски таблички удрил во камион со приколка, во близина на градот Малкара.

Во притвор се двајцата возачи, на автобусот и на камионот. Македонското МНР, амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул се во постојана комуникација со турските надлежни власти.

Во несреќата загина 45- годишен жител на Струмица, а беа повредени 38 патници, од кои 5-мина потешко.

Денеска дома се враќаат речиси сите патници од автобусот. Во болница има уште три лица, од кои двајца според сознанијата вечерва ќе бидат пуштени од болница.  Жената на која ѝ била направена операција ќе биде задржана.

Некои од патниците тргнале со организиран превоз со комбиња, а други чекале блиски да ги земат со автомобил.

Вчера возачот на втобусот дал изјава во полиција по што е задржан во притвор, каде ќе остане до судењето. Турските медиуми пишуваат дека по увидот е утврдено дека тој е виновник за несреќата, односно дека возел над дозволената брзина и со десната страна на автобусот се забил во камионот што возел пред него.

 
 
07.09.2016 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега