Трагедија: Малолетно дете скокна од 15-ти спрат

 
Петнаесетгодишно момче скокнало од 15. кат на зграда во Крагуевац и починало на самото место, пишува порталот „iKragujevac“, а пренесува „RTS“.
 
Според неофицијални информации, детето го оставило ранецот на скалите во зградата, го скршило прозорецот на 15. кат, кој немал заштитна ограда и скокнало.
 
Брзата помош и полицијата излегле на местото на настанот, а од полицијата потврдиле дека најверојатно станува збор за самоубиство.
Увидот ќе покаже како дошло до трагедијата.
 
Станарите од зградата, изјавиле дека не го познаваат детето и дека не е од нивното соседство.
 
 
07.09.2016 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега