Каде се мама и тато? - четиригодишно девојче не знае дека остана без своите родители

Четиригодишноте девојче А.П. чиј татко Ѓорѓија (31) лекар од Белград и мајката Нина Петровиќ (36) настрадаа во неделата во тешка сообраќајна несреќа кај Зворник, штом се разбудила од анестезија ги побарала родителите и ги прашала лекарите за нив.

Девојчето успешно се опоравува по операцијата која е направена во Тузла.

-Нејзината здравствена состојба е стабилна, свесна е и комуникативна. Се наоѓа под постојан лекарски надзор, за да бидеме сигурнид ека е добро, велат од болницата.

По директниот судар на „шкодата фабиа“ во која било тричленото семејство, со камионот „мерцедес“, поажрниакрите од смачканиот автомобил го извлекле девојчето кое по укажаната прва помош во Здравествениот дом во Милиќи веднаш е префлено во Општата болница во Зворник. Набрзо потоа со медицинска придружба е испратено во Клиничкиот центар во Тузла каде е оперирано. Како што пренесуваат медиумите од Република Српска, несреќата се случила на магистралниот пат Милиќи _Зворник, во месноста Вукшиќ поље, кога шкодата од се уште неутврдени причини преминала во спротивната лента и удрила во камион. Од силината на ударот автомобилот буквално бил смачкан и на пожарникарите им требале околу 2 часа да ги извлечат настраданите.

Foto: Profimedia/AFP

Според неофицијалните сознанија, автомобилот го возела мајката на девојчето и не е исклучена можноста несреќата да се случила при алергиски напад.

-Има индиции декаа случајно го свртела воланот и преминала во спротивната лента. Се очекува по обдукцијата точно да се утврдат причините за тешката трагедија, велат извори.

Роднините на Петровиќ велат дека лекарот и неговата сопруга пред трагедијата дошле по ќерката во Чајниче.

-Девојчето беше кај родителите на Ѓорѓија речиси цело лето. Во саботата дојдоа да ја земат назад во Белград. Ова е голема трагедија за сите. Ќе направиме се нашиот мал ангел да продолжи да живее нормално. Колку што знаеем, лекарите ја реанимираа и има бројни скршеници. Половина роднина трчаат околу неа, а другите се грижат за огранизирање на погребот, вели роднина.

Foto: Facebook/Djordjije Petrovic

Според неговите зборови, Ѓорѓија и Нина живееле на Чукарица.

-Беа сами во станот, а недалку од нив живееше нивна блиска роднина. Девојчето и петгодишниот син на таа роднина заедно одат во иста градинка и многу се блиски, а Ѓорѓија и Нина беа многу приврзани за неа. Таа уште не може да се опорави од шокот што го доживеа кога и ја соопштија трагичната вест, вели роднина од Чајниче.

Како што дознава Ало, Ѓоршија работел како лекар во Здравствениот во ул. Гоце Делчев, на Нов Белград. Нивните колеги се во шок и за Ѓорѓија имаат само пофални зборови. Со спуштени глави, и очи полни со солзи, одбиваа да зборуваат. Пациентите имаа само пофални зборови за лекарот.

Foto-ilustracija: pixabay.com

-Беше прекрасен лекар. Целото семејство мое се лекуваше кај него. Беше позитивен и секогаш насмеан. За жал прекрасните луѓе страдаат, вели негов пациент.

Неговата сопруга Нина работела на Машинскиот факултет во Белград.

-Зарем Нина така да настрада?! Знаете ли каква жена е тоа? Успешна, културна, одмерена! Недела дена пред трагедијата беше на службено патување и без проглеми возеше автомобил. Постојано зборуваше за сопругот и ќерката. Знам дека ја мачеше алергија, но не пиеше лекови. Одбегнуваше да бие паблети, зошто планираше уште едно дете, вели нејзина пријателка.

Роднините вччера ги подигнаа телата на настраданите.

 
 
06.09.2016 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега